Достапни линкови

Вашингтон: Делегација на Владата на пролетните средби на ММФ и Светската Банка


Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за финансии Трајко Славески, од денеска до 13 април ќе учествуваат на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон. Вицепремиерот Ставрески и министерот Славески ке имаат серија средби со високи претставници на меѓународните финансиски институции, меѓу кои и со Роберт Зелик, претседател на Светска банка и Такатоши Като, заменик директор на ММФ .Тие исто така ке остварат и билатерални средби со претставници на земјите членки на ММФ и СБ, меѓу кои и со потпретседателот на холандската Влада и министер за финансии Воутер Бос, а ќе учествуваат и на редовниот состанок на Холандската конституенца на Светската банка и ММФ.
XS
SM
MD
LG