Достапни линкови

Опозицијата бара проширување на дневниот ред за да се регулира прашањето за ДИК и изборните правила


Собранието започна со седницата за распуштање на парламентот и одржување на предвремени избори, по иницијативата што ја поднесе ДУИ. Седницата наместо како што беше закажана во 11 часот, започна со два часа доцнење, поради координациите на пратеничките групи во Парламентот. По барање на СДСМ во поединечното гласање 74 пратеници гласаа за, 26 против, а 2-ца гласаа воздржано со што точката за распуштање на собранието се најде на дневен ред. Почетокот го одбележа главно расправа на пратениците од партиите кои негативно се изјаснија по однос на предвремените избори. СДСМ ја посочи дилемата дали претседателот на собрнието Љубиша Георигиевски има или не уставно и деловничко овластување да закаже седница за избори, само врз основа на 15 пратенички потписи од ДУИ. Игор Ивановски од СДСМ истакна:

„И одбирате седница поткрепена со повеќе од 40 потписи за итна расправа за ситуацијата после Букурешт, да ја држите во вашата фиока, а да закажете седница со 15 потписи.“

рече Ивановски. Имено пред седницата СДСМ до собранието поднесе четири барања кои се однесуваат на забрана за нови инвестиции и вонредни буџетски исплати, нови вработувања во јавната адниминстрација во изборниот период, регулирање на ДИК и медиумското преставување за време на изборите. Поради ова на почетокот од расправата пратениците бараа од претседателот на собранието да се прошири дневниот ред на денешната седница. Владо Бучковски од СДСМ истакна:

„Премиерот нема храборст да дојде овде и да се соочи со нас. Би сакал да го потсетам на една епизода од март 2006 година, кога буквално како мало дете одеше околу и велеше: Јас неодам на избори, ако не ми го дадете првиот човек на ДИК.“

Иван Анастастовски од НСДП чија партија исто така е против предврмени избори, пак ја пренесе пораката од Брисел по посетата на Европскиот Парламент:

„Губите време, влегувате во неизвесен период, влегувате во матен период, почитувани пријатели.“

Барањето на ДУИ по чија иницијата денеска Собранието расправа за одржување на предвремени избори, вчера по заседавањето на највисоките партиски органи го подржаа главните владеачки партии ВМРО ДПМНЕ и ДПА. По распуштање на Собранието, предвремените избори треба да се одржат во рок од 60 дена, односно би се спровеле најдоцна до 10 јуни.
XS
SM
MD
LG