Достапни линкови

Глобалните економски движења нема негативно да се одразат на Македонија, оценуваат аналитичарите


Хипотекарната криза во Соединетите Американски Држави и останатите неповолни економски движења низ светот нема негативно да се одразат врз економијата во Македонија, сметат експертите. Професорот Петрит Положани од Штуловиот Универзитет посочува дека порастот на инфлацијат кај нас не е како резултат на глобалните економски падови.

„Инфлацијата веќе е по стапка десет насто кај нас. И каматните стапки нормално е да ја следат инфлацијата. Кај нас таа зависи од енергетиката и прехранбените производи.“

Аналитичарот Маријан Николов објаснува дека токму поради хипотекарната криза која настана во Америка има економска криза во светот.

„Во 2006 година, околу 20 организации кои се занимаваат со хипотекарни кредити банкротираа, лани банкротираа 80. Тоа за останатиот свет значи дека ако Америка е локомотива за светската економија, по случај на домино ефект оваа криза може да прејде на останатите делови на светот.“

Според Николов ова нема да се одрази во Македонија,бидејки како што вели тој државава е во зачеток на градење на пазарно општество како американското кое ке биде придвижувано од потрошувачката.

„Во Македонија тоа нема толку многу да се почувствува. Ние сме на крајот на тој ланец. Вкупната задолженост на населението во Македонија, и покрај помалата куповна моќ е многу мало.“

Имено според годинашниот извештај за глобална финансиска стабилност на Меѓународниот монетарен фонд,поради финансиските загуби што произлегле од кризата на американскиот пазар со хипотекарни кредити,светот ке загуби илјада милијарди долари.
XS
SM
MD
LG