Достапни линкови

Атина: Посета на американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Брајза


Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Метју Брајза денеска во Атина ќе разговара со грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани, јави АНА-МПА. Ќе се разговара за енергетски прашања и проблемот на Кипар, а се очекува да стане збор и за спорот со името на Македонија. Според грчкиот печат, за денеска е најавено партиските лидери да ги разгледаат активностите во врска со спорот со Македонија.
XS
SM
MD
LG