Достапни линкови

logo-print

Радикализацијата ќе и наштети на Македонија по неуспехот во Букурешт


Радикализацијата во Македонија по неуспехот да добие покана на самитот на НАТО во Букурешт само ќе и наштети на македонската репутација како одржлива земја кандидат за членство, пишува американскиот аналитичар Јанош Бугајски. Во денешиниот текст за Вол Стрит Журнал, Бугајски посочува на евентална дестабилизација доколку политичките неприлики ги потикнат лидерите на албанското малцинство да побараат територијална автономија.

Една од најнегативните работи кои произлегоа од самитот на НАТО во Букурешт е одложената одлука за покана за членство за Македонија, поради грчката блокада, пишува во денешен Вол стрит журнал познатиот аналитичар Јанош Бугајски. За жал македонските власти беа убедени дека Вашингтон ќе успее како медијатор во спорот со Атина. До компртомис не дојде и сега и натаму поканата за НАТО зависи од евентуалниот договор со Грција што може да се покаже и како по тежок процес и од оној претходно пред самитот. Како последица на одложената покана, вели Бугајски, македонската политика веројатно ке се радикализира. Но тоа само ке и наштети на македонската репутација како одржив кандидат за НАТО. Доколку не станува збор за некаква стратегија во преговорите со Грција со силна американска инволвираност, политичките неприлики во земјата, смета Јанош Бугајски, ќе ги охрабрат лидерите на албанското малцинство да побараат територијална автономија. Тоа ќе го наруши Охридскиот договор со кој се обезбеди меѓуетничка коегзистенција во унитарна држава по конфликтот во 2001 година. И во поширок регионален аспект, продолжува американскиот аналитичар, последиците од нерешеното прашање на Македонија ќе значат дестабилизација. Доколку Скопје не го признае Косово и не успее да склучи договор за границата тоа исто така ќе ги охрабри албанските милитанти внатре во Македонија да побараат територијални прилагодувања. Тие, милитантите, вели Јанош Бугајски, можат да оценат дека Македонија надвор од НАТО е само привремена држава. Русија, исто така, може да има корист од македонската несигурност, нудејки блиски економски, политички и безбедносни врски играјки на картата заштитник од пан албанскиот и исламски тероризам. Целта на Русија би била да си додаде уште еден монопол и да создаде уште една карика во балканската зависност, пишува во својата анализа за Вол Стрит Журнал Јанош Бугајски. Москва, вели тој, ке продолжи да го капитализира ограниченото признавање на Косово, создавајки главоболки на НАТО и запирајки го натамошното ширење на западното влијание. Конфликтите, замрзнати или какви и да биле, се можност да се промовираат руските интереси во регионот, кои се уште не се целосно обезбедени од западните институции , заклучува во денешниот текст во Вол Стрит Журнал американскиот аналитичар Јанош Бугајски.
XS
SM
MD
LG