Достапни линкови

Највисоките партиски органи на ВМРО ДПМНЕ и ДПА одлучија да се спроведат избори


Првично пониските партиски тела, а доцна синоќа и највисоките органи на досегашните партнери во владата, ВМРО ДПМНЕ и ДПА, одлучија да се оди на предвремени избори, со што ја подржаа иницијативата на ДУИ. По седницата на партиските раководства, лидерите на овие две партии Никола Груевски и Мендух Тачи изјавија:

„Нашата проценка е дека на овој начин сите процеси ќе бидат побрзи, во секој аспект на зборот.“

„Сега ќе се соочат со машинеријата ДПА и мислам дека голема историска неправда што е направена кон албанците во Македонија ќе дојде на место.“


Рекоа Груевски и Тачи. ДУИ кои ја поднесоа иницијативата за предвремени избори ја поздравува ваквата одлуката на ВМРО ДПМНЕ и ДПА. Рафиз Алити потретседател на ДУИ вели:

„Таа грешка што е направена 2006 година не треба да се повтори во Македонија, а ова го велиме без разлика кој ќе победи на изборите.“

А против избори веќе се изјасни најголемата опозициона партија СДСМ. ВМРО ДПМНЕ неможе да ја залажува јавноста дека е можно во исто време да се спроведуваат и избори и да се решава еден голем проблем како името потребно за нашето членство во НАТО, како и да се продолжат реформите за ЕУ, вели Јани Макрадули од СДСМ:

„За жал ВМРО ДПМНЕ во договор со ДУИ и ДПА се решава да ги маргинализира сите добри намери за Република Македонија.“

Посочува Макрадули. Дека во овој момент не се потребни избори, туку државата треба да ја искористи меѓународната подршка за евроатлантските интеграции, сметаат и во НСДП и ЛДП:

„Некој за жал сака Македонија да чекори со Србија, Босна и со Косово, или ако сакате дури и тој пат да го изгуби.“

„Незнам зошто Груевски тоа го прави, и зошто не сакаат државата да ја видат во НАТО и ЕУ.“


Изјавија Иван Анастасовски од НСДП и Слободан Најдовски од ЛДП. Против избори се и во ВМРО Народна партија. Марјан Додовски од оваа партија истакнува:

„Македонија во овој момент треба да се посвети на многу поважни национални и државни интереси.“

Абдулади Вејсели од ПДП пак кој коалицираше со власта, ќе го даде својот глас за предвремени избори:

„Ќе излеземе посилни и мислиме дека оваа Влада ќе продолжи да функционира и понатаму.“

Вели Вејсели.
По распуштање на Собранието, предвремените избори треба да се одржат во рок од 60 дена, односно би се спровеле најдоцна до 10 јуни.
XS
SM
MD
LG