Достапни линкови

logo-print

Изјавата на Даниел Фрид за постоењето македонска националност и јазик целосно конзистентна


Изјавата на американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид за постоење македонска националост и македонски јазик е целосно конзистентна, рече портпаролот на Стејт департментот Шон Мекормак на вчерашната прес конференција во Вашингтон. Во меѓувреме, весникот Вол Стрит Џрнал, под наслов ,,Подбивање со проширувањето,, донесува анализа на постигнатото на самитот на НАТО во Букурешт.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Шон Мекормак запрашан за тоа дали Стејт департментот се повлекува од изјавата на помошник државниот секретар Даниел Фрид во врска со македонскиот народ и македонскиот јазик, дадена ден пред тоа одговори:

„Мислиме дека изјавите на Ден дадени во Форин прес центарот и оваа изјава се целосно конзистентни.“

Колку за потсетување, помошник државниот секретар Даниел Фрид на брифингот во Вашингтон изјави дека не станува збор за таканаречен македонски народ и македонски јазик.

„Македонскиот јазик постои. Македонскиот народ постои. Сите јазици се човечки творби, тие се предмет на развој. Исто така, постои историска територија наречена Македонија и сегашната држава нема никакви претензии на неа.
Етничката припадност е на луѓето да ја дефинираат, и што се однесува до мене, таа е факт. Името е нешто за кое се разговара.“


Изјави Данеил Фрид на брифингот посветен на неодмнешниот самит на НАТО во Букурешт на кој земјите членки на Алијансата, поради грчкото вето, не ја поканија Македонија да му се придружи на сојузот. Во врска со постигнатото, односно непостигнатото на овој НАТО самит денешен Вол Стрит Џрнал донесува коментар под наслов ,,Подбивање со проширувањето,,. Во него, меѓу другото, се истакнува дека она што во минатата недела се случувало на самитот ги поткопа сериозноста и кредибилитетот на процесот на проширување. ,,Македонија, како и Хрватска и Албанија, целосно го исполни нејзиниот Акционен план за членство. Но, Македонија не беше поканета да и се приклучи на Алијансата, бидејќи една НАТО членка, Грција, приговара за името на таа земја,, наведува весникот додавајќи:,,Доволно е апсурдно и тоа што Грција тврди дека е загрижена оти Македонија имала претензии на делот во Грција, познат исто така како Македонија. Но, да се дозволи тоа да стане дел од дебатата дали на Македонија да и се даде покана за членство во најуспешната алијанса во светот претствува подбивање на целиот процес на проширување. Во завршното коминике НАТО вели дека веднаш откако Македонија и Грција ќе најдат заеднички прифатлив компромис, нешто што тие не успеаа да го постигнат повеќе од петнаесет години, Македонија ќе добие нејзината покана. Но, веќе е направена штетата по интегритетот на процесот, се заклучува во коментарот објавен во Вол Стрит Џурнал.
XS
SM
MD
LG