Достапни линкови

Европретставниците ги скенираат напредокот во реформите и ситуацијата околу спорот со името


Засилени активности на европските претставници во периодот кога се очекува есенва Македонија да добие датум за преговори со ЕУ. Скенирање на ситуацијата околу спроведувањето на реформите, актуелната политичка ситуација, како и настанатиот проблем по неуспешниот исход за земјава од самитот на НАТО поради спорот со името и стравувањата дека тој проблем може да се ,,префрли“ и во процесот на евроитенграциите, меѓу главните цели на денешната посета на Директорот во Секретаријатот на Советот на Европската унија Штефан Лене на земјава. Паралелно со неговата посета набљудување на реформските процеси на Македонија деновиве врши и работната група за Западен Балкан при Советот на ЕУ, а напредокот во исполнувањето на обврските од наша страна во процесот на приближување во Европската Унија преку извештајот подготвен од европратеникот Ерик Мејер денеска тема на пленарната сесеија на Европскиот парламент во Брисел. Иако извештајот на Мејер главно се оценува како позитивен, сепак и натаму остануваат главните забелешки, што и досега се потенцираа, а се однесуваат на забрзано спроведување на реформите во судството, реформите во јавната администрација, политичкиот дијалог, економски реформи... Опозицијата вели дека извештајот реално ја отсликува ситуацијата:

„И покрај позитивните чекори во некои аспекти кои што беа плод и на политичкиот дијалог во последен момент и на други политички активности, сепак се покажува дека Македонија има уште многу услови да исполни за да го добие датумот за членство.“

Вели Азис Положани од ДУИ член на собраниската Комисија за европски прашања. Наспроти опозицијата, власта задоволна од постигнатото, што велат е потенцирано и во извештајот на европратеникот Мејер. Оттаму оптимизам во поглед на добивање на датум за преговори, велат дека само спорот со името може да биде проблем. Александар Спасеновски од ВМРО ДПМНЕ исто така член на собраниската комисија за европски прашања изјавува:

„Генерално сметам дека забелешките кои што се нотирани во извештајот на Мејер не преставуваат посебна тешкотија за Македонија, меѓутоа еден во овој момент не премостив проблем за нашата држава сметам дека е позицијата на Грција во однос на уставното име на Република Македонија.“

Потенцира Спасеновски. Со она што деновиве за ситуацијата во земјава, пред очекувањето есенва да го добиеме датумот за преговори ќе се запознаат Европските претставници ќе биде пренесено во Брисел на политичките фактори кои одлучуваат за овој процес.
XS
SM
MD
LG