Достапни линкови

Приштина: Косовскиот парламент на вонредно заседание ќе гласа за предлог Уставот


Косовскиот Парламент денеска на вонредно заседание ќе гласа за предлог - уставот на независно Косово. Одлуката за гласање беше донесена на барање на претседателот Фатмир Сејдиу и на премиерот Хашим Тачи. Уставната комисија го изготви предлог-текстот и завчера во Приштина косовските лидери го потпишаа новиот устав. Се очекува тој да стапи во сила на 15 јуни, кога Владата ќе ја преземе власта од мисијата на ОН, која управува на Косово од 1999 година.
XS
SM
MD
LG