Достапни линкови

Нема резултати во секојдневниот живот


Меѓународната иницијатива за подобрување на социјалната и економската положба на Ромите или позната како Декада на Ромите веке три години се спроведува во девет земји вклучувајки ја и Македонија. По потпишувањето на ова иницијатива на почетокот на 2005 та година ромската заедница во државава очекуваше побрзо решавање на проблемите со кои се соочуваат, но во реалноста Декадата на Ромите овој народ скоро и не ја почуствува. Надир Реџепи од Невладината организација „Сонце“ посочува дека проблемот е во нефункционирањето на институциите и недоволната информираност на ромските политички партии.

„Институциите сеуште немаат доволно знаење како да се справат со ромските проблеми. Тоа е еден многу сложен проблем, самите Роми сеуште немаат доволно капацитет да влезат во институциите и преку нив да се справат со проблемот на Ромите. Од друга страна, политичките партии на Ромите сеуште се недоволно информирани и не знаат како да го искористат овој инструмент.“

Поради несогласувањата со предходното раководство на Ромската Декада,ромските пратеници немале увид до каде е со спроведувањето на акционите планови кои се предвидени со ова иницијатива. Пратеникот Шабан Салиу објаснува дека тукму поради тој проблем неможеле да ги изнесат барањата на ромската заедница пред законодавниот дом.

„Иако сме членови на Координативното тело со претходниот раководител не постоеја разбирања, дури не бевме ниту поканети на акционите планови на коодринативното тело, немавме увид, ниту имаше записници.“

Дилбера Камберовска од Невладината организација ДАЈА вели дека поради двегодишната стагнација на Декадата, од сите земји потписнички, Македонија се наоѓа на дното.

„До лани ние бевме на последната скала од сите држави вклучени во Декадата. Откако е направена националната стратегија не се помести ништо. Од минатата година нашата влада почнува да работи, прави акциони планови, стратегии и ако продолжи вака ќе има напредок.“

Декадата на Ромите, покрај Македонија, ја спроведуваат и Бугарија, Хрватска, Словачка, Чешка, Црна Гора, Романија, Србија и Унгарија.
XS
SM
MD
LG