Достапни линкови

Партиите без став пред средбата за идната стратегија на земјава


Премиерот Груевски денеска на одделни средби со лидерите на ДПА, СДСМ и ДУИ. Тачи, Шеќеринска и Ахмети, премиерот Груевски ги информира за учеството на македоската делегација на самитот на НАТО и за средбатата на лидерите на земјите членки на Јадранската група со американскиот претседател Буш која викнедов се одржа во Загреб.Тема на средбите е и нартамошниот тек на проецесите за интегарција во НАТО и Европската унија. Од владата велат дека за стратегијата сега откако Грција го одложи нашиот прием во НАТО ќе информираат по денешните средби на премиерот. И од најголемата опозицината партија Социјалдемократскиот сојуз засега се без став со каков план земјава треба да настапи понатаму. Прво да чуеме што ќе ни каже премиерот па ставот ќе го градиме вечер на седница на централниот одбор, велат од раководството на СДСМ. Засега единствена партијата од поголемите во земјава која веќе изгради став како понатаму е Демократската унија за интеграција. Рафиз Алити член на најтесното партиско раководство вели дека преговоеите со Грција за името треба да продолжат што е можно поскоро:

„Да се најде решение. Наш стратешки интерес на земјата, но и како политички субјект е интегрирањето на земјата во НАТО и ЕУ. Ние мислеме дека алтернативен пат нема за Македонија.“

Од ДПА пак велат дека состојбата постојано ја анализираат. Инаку Груевски викендов од Загреб по сердбата со америкаскиот претседател Буш најави косулатциите не само со партиите туку и со експертите кои би помогнале во градењето на ставот што треба да оарви земјава по исходот на самитот во Букурешт. Некои од нив посочуваат дека времената спогодба со блокада која ја стави Грција веке е прекрешна за што неколку пати посчија и претсваници од државниот врв.Но во јавноста веке се појавија мислења дека е ложо решение да се бара прекинување на таа спогодба. Што ке преземе домашниот државен врв засега не е конкретизирано.Грчките медиуми пак веке излегоа со информации дека преговорите продолжуваат.Според нив Решублика Нова Македонија е името за кое деновиве ке преговараат Скопје и Атина.Дневниот весник Катимерини пишува дека деенска американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид телефонски со грчките дипломати ке ги прецизира деталите во рамки на кои ке детсвува америкаснката дипломатија.И пораката која од зеграбскиот плошатад ја испарти претседателот Буш е дека решение за порблемот треба да се најде брзо за Македонија да стане дел од алијанста.
XS
SM
MD
LG