Достапни линкови

logo-print

Филип Вујановиќ повторно е претседател на Црна Гора


Филип Вујановиќ повторно е претседател на Црна Гора, освојувајки 52 насто гласови на вчерашните избори. Поголеми нарушувања на изборниот процес немало, а се проценува дека Црна Гора во следните 5 години ќе се занимава со својот европски пат.

„Веќе месец и половина зборувам низ Црна Гора дека ќе победиме. И победивме.“

изјави досегашниот претседател на Црна Гора и кандидат на владеачката коалиција на Демократската партија на социјалистите и Социјалдемократската партија Филип Вујановиќ, кој доби над половина гласови од излезените бирачи со што освои нов пет годишен претседателски мандат.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите. Ова е победа за сите нас, за Црна Гора и за подобра иднина.“

На второ место е кандидатот на Српската Листа со освоени 19,3 насто а на трето кандидатот на Движењето за промени Небојша Медојевиќ кој освои околу 17 насто и на последно место е кандидатот на Социјалистичката народна партија Срѓан Милиќ со 11 освоени проценти од излезните гласачи. Уште синоќа во Подгорица се славеше. Филип Вујановиć им се заблагодари на сите кои го подржаа а им честита и на противниците.
Претседателот на Демократската Партија на Социјалистите Мило Ѓукановиќ констатираше дека во Црна Гора се шири проевропски курс кој го предводи неговата партија.

„Сакам да им се заблагодарам на оние кои и овој пат мислеа поинаку, а кои гледам ги има помалку од претходно. Значи сакам, да забележам дека се шири консензус околу про-европската политика на Демократската партија на социјалистите и Филип Вујановиќ како претседател на Црна Гора.“

За опозиционото движење за промени Црна Гора и овој пат не успеа и по 20 години да излезе од, како што реќе Небојша Медојевиќ, еден тоталитарен и корумпиран систем. На вчерашните претседателски избори во Црна Гора излегоа 68 насто гласачи или околу 330 илјади граѓани. Посматрачите не забележаа битни кршења на изборниот процес.
XS
SM
MD
LG