Достапни линкови

Варшава: Полска е подготвена на разговори со Русија за американскиот штит


Полска соопшти дека е подготвена да разговара со Русија за учество во американскиот против ракетен штит во таа земја. Заменикот министер за надворешни работи на Полска Витолд Вазчиковски изјави дека владата е подготвена да разговара за различни форми на пристап за Русија до елементите од против ракетниот штит, ако тој се инсталира во Полска. Но, тој рече дека перманентна руска база во Полска „не доаѓа предвид.“ Полската реакција доаѓа откако американскиот претседател Џорџ Буш и рускиот претседател Владимир Путин издадоа заедничка декларација по самитот во Сочи во која најавуваат вид руски мониторинг на анти ракетниот штит, поради руските стравувања дека проектилите ќе бидат насочени кон Русија. Според американскиот план, антиракетниот штит треба да биде поставен во Полска и Чешка.
XS
SM
MD
LG