Достапни линкови

Подгорица: Досегашниот црногорски Филип Вујановиќ прогласи победа на претседателските избори


Досегашниот црногорски претседател Филип Вујановиќ од владечката Демократска партија на социјалистите прогласи победа по првиот круг гласање на претседателските избори во Црна Гора, први по прогласувањето на независност. Центарот за демократска транзиција кој ги следеше изборите објави дека Вујановиќ освоил 51,4 отсто од гласовите, кандидатот на српската листа Андрија Мандиќ 20,4, а кандидатот на Движењето за промени Небојша Медојевиќ осбоил 15,7% од гласовите. На изборите гласале 69% од регистрираните гласачи.
XS
SM
MD
LG