Достапни линкови

Сочи: Путин и Буш не постигнаа согласност за анти ракетниот штит


Рускиот претседател Владимир Путин на заедничката пресс конференција со американскиот претседател Џорџ Буш во руското летувалиште Сочи, изјави дека Москва продолжува да се спротивставувува на американскиот план за анти ракетен штит во источна Европа, но додаде оти е претпазлив оптимист за можноста од постигнување договор мегу двете страни. Вашингтон ја слушна загриженоста на Русија и тоа е важно и корисно за јакнењето на довербата рече Путин. Буш изјави дека тој ги подржува руските напори за придружување во Светскаат трговска органзиација и исто така рече дека има позитивана првична импресија за рускиот иден претседател Дмитриј Медведев. Американскиот претседател Џорџ Буш и рускиот претседател Владимир Путин го разгледуваат и документот за стратешки рамки на руско американските односи што двајцата треба да го потпишат.
XS
SM
MD
LG