Достапни линкови

Македонија треба да стане членка на НАТО што е можно поскоро


,,Македонија треба да стане членка на НАТО што е можно поскоро,, повтори американскиот претседател Џорџ Буш во неговото денешно обраќање на плоштадот Свети Марко во Загреб на кое присуствуваа и шефовите на држави и влади на земјите од Јадранската група Хрватска и Албанија, кои добија покана за членство во НАТО, како и на Македонија која, поради несогласувањето на Грција, не беше поканета на самитот во Букурешт.

,,Жалам поради тоа што НАТО не ја покани Македонија на самитот оваа недела. Македонија спроведе тешки реформи дома и многу придонесува во НАТО мисиите,,

изјави американскиот претседател Џорџ Буш во неговото обраќање во Загреб, наведувајќи дека нејзината покана беше одложена поради спорот со името, додавајќи дека во Букурешт НАТО сојзниците се изјаснија дека штом ова прашање ќе биде решено, Македонија ќе биде поканета да и се придружи на Алијансата.

„Американската позиција е јасна. Македонија треба да го земе местото во НАТО што е можно поскоро.“

изјави претседателот Џорџ Буш во неговото обраќање во Загреб. И хрватскиот премиер Иво Санадер по разговорите со претседателот Џорџ Буш изрази жалење што Македонија не ја доби поканата за НАТО

„Во Македонија нашите пријатели исто така имаат целосно право на наша поддршка и охрабрување и ќе прнајдеме решение да ни се придружи во НАТО.“

Рече хрватскиот премиер Санадер на плоштатод во Загреб. Повеќето странски аналитичари изразуваат жалење, но и револт поради тоа што Македонија не доби покана за членство во НАТО:

„Тоа е страшен срам и во буквална смисла на зборот, срамно е тоа што Македонија не беше поканета, додека Албанија и Хрватска се поканети. Срамно е што Македонија која многу работеше да и се приклучи на Алијансата и стори се што можеше сепак не ја доби поканата во Букурешт.“

Вели Робин Шепард шеф на Програмата за Европа на организацијата Четам хаус со седиште во Лондон. За Александар Гарин кој е професор по национална безбедносна стратегија на германскиот Маршалов Центар пак, НАТО е организација која е многу удобна за малите земји, како Грција, бидејќи одлуките се донесуваат со консензус.

„Ако не и се допаѓа иметото Република Македонија таа има право да употреби вето. И никој не може, ни Соединетите Држави, да удри со дланка на масата и да и нареди на Грција да го стори тоа што треба и да и дозволи на Македонија да влезе во НАТО.“

вели Алкасандар Гарин од Маршаловиот Центар.
XS
SM
MD
LG