Достапни линкови

logo-print

Tреба да се извлече најдоброто од создавањето на стратешко партнерство со САД


Откако земјава не доби покана за членство во НАТО, експертите за меѓуетнички односи со различен став за тоа дали ќе се нарушат односите помеѓу македонците и албанците. Мирјана Малевска професор од Универзитетот на Југоисточна Европа посочува дека со невлегувањето во НАТО, односите помеѓу овие две заедници ќе се влошат, бидејки како што вели таа иако и македонците и албанците сакаат Македонија како држава да влезе во НАТО и Европската Унија, сепак на граѓаните и политичарите од албанска националност тоа им преставува поголем приоритет.

„Албанците овие денови, односно претставниците на нивните партии убаво кажаа што може да се случи меѓу односите на овие две заедници, по нашето невлегување во НАТО. Така што може да се појават некои тендеции на свои барања, на свои решенија, на свои интереси, зошто што би било привлечно да се остане тука, кога приликите и можностите за таа заедница се поголеми можеби на друго место, кон соседните држави.“

вели Малевска и додава дека постои можност албанските политички партии да бараат од државниот врв да го омекне својот став во спорот со Грција и да најдат што е можно побргу компромис за решавање на проблемот со името.

„Тие ставија јасно до знаење дека тоа е нивен апсолутен приоритет, доколку тоа е нивен приоритет, секако дека ќе ,,притискаат„ уште повеќе отколку што тоа го правеа досега, бидејќи нема друг начин за ние да станеме дел од овие евроатлански интеграции.“

Аналитичарот Алберт Муслиу пак вели дека нема да има влошување на меѓуетничките односи, освен како што вели тој, тоа може да се случи ако имаме неодговорни политичари:

„Сигурно може да се влошат односите, ако имаме неодговорни политичари, тоа историјата ни го покажала. Јас негледам терен дека ќе се влошат, државата треба од цел овој немил процес да го извлече најдоброто, значи создадовме стратешки пријатели, единствената светска велесила ни понуди да ја гарантира безбедноста и сигурноста на државата.“

вели Муслиу и додава дека по немилиот настан кој ни се случи пред неколку дена, нема да биде само албанската политича елита која ќе бара од државата да изнајде што побргу решение за спорот со Грција.

„Албанските политички фактор сигурно ќе алудира, алудираат и македонски интелектуалци и аналитичари дека тоа прашање треба да се апсолвира, на тоа прашање да му пристапиме со трезни глави и да го разрешиме.“

Посочува Муслиу.
XS
SM
MD
LG