Достапни линкови

Киев: Јушченко сигурен дека Украина ќе добие акционен план за членство во НАТО во декември


Украинскиот претседател Виктор Јушченко изјави дека е сигурен дека неговата земја ке го добие акциониот план за членство на состанокот на шефовите на дипломатиите на Алијансата во декември годинава. Јушченко ова го изјави денеска во Букурешт на комисијата НАТО - Украина. Генеарлниот секретар Јап де Хоп Схефер вети дека Алијансата ке и помогне на Украина во реформите на патот кон НАТО. Алијансата вчера објави дека Украина и Грузија ќе станат членки но не им го понуди Акциониот план за членство.
XS
SM
MD
LG