Достапни линкови

Добра замена за безбедносните гаранции на НАТО, сметаат дел од аналитичарите


Посебниот безбедносен пакет кој како билатерален договор би бил потпишан мегу Соединетите амрикански држави и Македонија за кој се зборува во јавноста откако земјава не ја доби поканата за во НАТО според дел од аналитичарите е добра замена на гаранциите за безбеднсота кои би ни ги дала алијнасата доколку сме нејзина членка. Директор на балканскиот форум за безбедност Благоја Марковски зесега вели дека не може конкретно да коментира се додека официјални лица не соопштаат што точно би содрежел тој договор. Сепак тој прецизира дека во зависност од тоа што ќе биде потпишано договорот би можел да преставува како што вели целосен безбедносен чадор за земјава или пак да значи опремување и обука на нашите сили:

„Кога зборуваме за тој безбедносен чадор тој може да подразбира безбедносна гаранција на Република Македонија од надворешна агресија или од било каква вооружена или друга интервенција од надвор, но исто така тоа може да подразбира помош во внатрешно совладување на било какви кризни ситуации.“

Основата идеја на америка вели Марковски е да ги обесхрабри оние сили кои мислеа дека со ваков исход од самитот во Букурешт ќе биде полесно да ја дестабилизраат земјава

„Тука навистина треба да се има предвид дека со тоа што со овој Договор се преземаат обврски од страна на САД, ние во превентивна смисла однапред ја имаме обезбедено безбедносната состојба во Република Македонија.“

Договорот е добар и корисен за нас во моменстов вели директотор на инститот за интеркултурни и полтички студии Ризван Сулејмани. Но, анализрајќи ја оваа најава од аспект на домшанта политичка сцена тој смета дека ова е лошо сигнал за нашите политичари

„Јас не сум многу одушевен од тоа, затоа што тоа ми личи како дете кое што не е способно да живее со другите деца, па сега татко му треба да стои до него и да го чува од другите.“

Според Сулејмани опасно е доклку се навикенеме на ситуација Америка да не заштитува затоа што би можеле да останеме надвор од евротлантснките структури:

„Јас сакам Република Македонија е да не остане на слеп колосек. Во моментов локомотива која носи прогрес во светот и во нашиот регион е ЕУ и НАТО ние мора да се прикачиме кон таа локомотива.“

Инаку според информациите во медиумите кои се повикаат на американски извори на вчерашната средба на државниот врв со претсдеателот на САД Буш било договорено минситерот за надворешни работи Милошоски наскоро да отпатува во Вашингтон за да ги прецизира деталите од договорот.
XS
SM
MD
LG