Достапни линкови

Македонија продолжува напред, Грција е во заблуда ако мисли дека ќе не опфатат црни сценарија


Во изјавата на премиерот Никола Груевски за грчкото вето се вели: "Членките на НАТО кажаа и препознаа дека Македонија ги достигна стандардите на НАТО и ги направи потребните реформите. Кажаа дека Република Македонија заслужува да биде членка на НАТО. Но, заради едно билатерално прашања Грција го блокираше влезот на Македонија користејќи еден адут кој ретко се користи, кршејќи ја времената спогодба и загрозувајќи ја регионалната безбедност. Сите политички фактори и граѓаните ја донесоа Македонија до исполнување на стандардите на НАТО. Како и да е, ако Грција мисли дека со овој потег ќе не натера да прифатиме нешто што не сакаме, тогаш е во заблуда. И во заблуда е ако мисли дека ќе не опфатат црни сценарија. Ќе продолжиме да работима за добро на државата, народот и нејзиниот развој. Сакам да им се заблагодарам, покрај на САД и на Словенија и Турција за поддршката, со која уште еднаш потврдија дека Македонија ги исполни сите стандарди и дека требаше да го добие применот. Грчкото вето е тешка артилерија во дипломатијата, ние се соочивме со тоа, но земјата продолжува напред, ќе продолжи во својот развој, ќе го поминеме и овој проблем, како што сме пребродиле многу искушенија".
XS
SM
MD
LG