Достапни линкови

Голема неправда, но Република Македонија ќе опстои


Во изјавата на претседателот на Македонија Бранко Црвенковски дадена поладнево во Букурешт, меѓу другото се вели: "За нашиот прием се појави само еден и единствен проблем, Грција, и нејзиното право да примени вето. Тоа е голема неправда за Репбулика Македонија, за народот, но неправда какви што и досега сме имале низ историјата. Но, тоа не смее да не измести од основниот курс и не смее да не парлализира, некои работи во стратегијата на нашата земја треба да се ревидираат, не во стратегиска смисла, но во национална смисла, или пак да се редефинираат начините на кои ќе дејствуваме. Подготвен сум да дискутираме на таа тема со сите политички фактори и мислечкиот потенцијал и да изградиме стратегија. Единствената пречка се фрустрациите на Грција која го злоупотреби правото на вето. И порачувам на Грција дека Македонија ќе опстои, ќе издржи и ќе продолжи по својот пат и ако некој мисли дека ќе не поколеба по патот што го трасиравме силно греши. Република Македонија ќе опстои, некој тоа порано или подоцна ќе го разбере, но ние тоа оддамна го знаеме".
XS
SM
MD
LG