Достапни линкови

Македонската делегација го напушта Букурешт, изјави шефот на македонската дипломатија Милошоски


Македонската делегација го напушта Самиотот на НАТО во Букурешт, бидејќи нема зошто да сме овде и чувствуваме потреба дека треба да бидеме со својот народ кој во 90 насто ја поддржуваше интеграцијата во НАТО“, објави во Букурешт македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

„Би сакал да ја искажам нашата огромна благодарност за сите напори кои беа направени од страна на САД и особено на претседателот Буш. Тоа ние навистина го цениме и тоа е нашиот долгорочен капитал за стратешките односи меѓу Република Македонија и Америка.“

Ова реакција на македонскта делегација доага отакако на самито македонија не доби покана за челнство во алијасната поради барањетѕо на Грција да се одложи приемот се додека не биде решен спорот со името. Претходно македонскиот преговарач во спорот со името Никола Димитров рече дека одвивањето на НАТО да упати покана за членство во алијансата ќе ја поткопа стабилноста на Балканот.

„Казнетио сме поради македонксиот идентитет“ - изјавил Димитров за Асошиејтед Прес. Тој како што се наведува рекол дека Македонија ќе вложи напори да продолжи по патот на евроатлантските интеграции, но додал дека сега тоа ќе биде потешко. Од кабинетот на претсеателот на државата Бранко Црвеснковски велат дека ќе се продложи и понатаму со реформите и коопративноста бидејќи не чекаат и задачи од ЕУ. Прашањето за времената спогодба со Грција велат од кабинетот подоцна ќе се отвори и ќе се рагледува, велат од кабинетот. Речиси истовремено грчката миснитерка за надворешни работи Дора Бакојани на брифинг со новинарите изјави дека ќе се продолжи со процесот и како што додаде ако постоои политичка волја убедена е дека ќе се најде решение. Грција никогаш не сакала да намтене име туку сака решение во кое ќе нема ниту победници ниту поразени -рече Бакојани. Инаку додека министерот Милошоски ја даваше изјавата за напуштање на самитот премиерот Груевски и претседателот Црвенковски беа на средба со претседателот на Соединетите Американски Држави Џорџ Буш. Иако средбата беше најавувано дека ќе се случи уште препладнето таа доцнеше и за сега нема инфромации што точно разговарал македонскиот државен врв.
XS
SM
MD
LG