Достапни линкови

logo-print

Букурешт: Схефер ги поздравил идните НАТО членки Албанија и Хрватска


Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер ги поздравил идните членки на НАТО, Албанија и Хрватска, јави германската новинска агенција ДПА.
Вратите на Алијансата се отворени за демократските земји во Европа, рече Схефер. Во исто време, лидерите на НАТО не успеаја да постигнат согласност Украина и Грузија да добијат покани да се приклучат кон Акциониот план за членство на Алијансата.
Германија и Франција сооптшија дека е многу рано за Киев и Тбилиси. Македонија исто така не доби официјална покана за членство во НАТО, јави ДПА.
XS
SM
MD
LG