Достапни линкови

logo-print

Сеуште нема термин кога ќе почне работата на терен, ниту кога ќе се случи признавањето на Косово


Нема промена во ставот на македонската влада околу признавањето на Косово. Ситуацијата се следи и тоа ќе се стори согласно националните интереси, вели владиниот портпарлот Ивица Боцевски:

„Макеоднската влада мошне внимателно, сериозно и претпазливо ја следи ситуацијата во регионот, секоја одлука која што би ја донеле ќе се темели исклучиво на интересите на нашите граѓани, како на македонските национални и државни интереси.“

Признавањето на Косово од страна на Македонија се поврзува и со сеуште не затвореното прашање околу демаркација на границата. Конституирани се и косовскиот и македонскиот тим за одбележување на граничната линија, но сеуште нема точен термин како што информираат од владата кога и практично ќе започне работата на терен.

„Очекуваме дека ова ќе се случи мошне брзо, впрочем тоа е и техничко прашање кое што треба да се заврши во врска со работењето на комисијата, а потоа да ја завршиме оваа работа која што е во интерес не само на Македонија, туку и на Косово и на целиот регион.“
Истакнува Боцевски. Во меѓуврме Заедничката техничка комисија за демаркација на границата меѓу Република Македонија и Косово, деновиве во Приштина одржа подготвителен состанок, со посредство на Меѓународната цивилна канцеларија. Ист таков состанок на кој се дискутира за начинот на продолжување на работата се очекува и во Скопје. А признавањето на Косово и прашањето за демакрацијата на границата, имено причина и за поделеност меѓу македонската јавност. Според најновата анкета на Центарот за истражување и креирање политики 74% од македонците сметаат дека прво треба да се одбележи границата, а потоа да се признае Косово, додека 10 отсто македонци велат дека нема потреба прво да се затвори ова прашање. Кај албанската заедница пак 85% веруваат дека двете прашања не се поврзани. Жидас Даскаловски од Центарот за и истражување и креирање политики објаснува:

„Ова анкетно истражување покажува релативна поделеност на граѓаните по двете прашања, со тоа што поголем е процентот што одбива да се признае Косово моментално и прво сака да се одбележи границата.“


Инаку вкупно во истражувањето направено во текот на март околу 36% од граганите се изјасниле за признавање на Косово, а 45,8 отсто се против. Даскаловски вели дека како и да е во интерес на двете страни е признавањето и одбележувањето на границата да се заврши што побрзо:

„Признавањето на Косово и воспоставување на нормални односи е едно од битните фактори за стабилизација на регионот. Битно ќе биде и Макеоднија тоа да го направи.“

истакнува Даскаловски.
XS
SM
MD
LG