Достапни линкови

logo-print

Љубљана: Словенечкиот шеф на дипломатијата Рупел ја повика Грција да покаже флексибилност


Словенечкиот министер за надворешни работи Димитриј Рупел, чија земја е претседавач на ЕУ, ја повика Грција да покаже флексибилност во спорот за името со Македонија. Македонија покажа многу флексибилност во последно време. Топката веќе е во полето на Грција, изјави Рупел пред членовите на комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Тој рече дека позитивно гледа на компромисното решение, што Атина веќе го отфрли. Според таа варијанта Македонија би била поканета во НАТО под привременото име. Се надевам дека Македонија ќе биде поканета во НАТО и оти ќе го направи неопходниот напредок за да започне преговори со ЕУ, рече Рупел.
XS
SM
MD
LG