Достапни линкови

Верба и надеж за успех, изјави премиерот Груевски


Премиерот Груевски и претседателот Црвенковски кои се посебни летови тргнаа од Скопје веќе се во Букурешт каде што од 2 до 4 април се одржува самитот на НАТО алијансата од кој Македонија очекува покана. Пред заминувањето од скопскиот аеродром Груевски рече дека очекува позитивен исход за нас

„Одам со верба и со надеж за успех, со верба и со надеж да се валоризира трудот на сите досегашни влади и на сите граѓани на Република Македонија, што издржаа многу искушенија за да дојдеме до овој момент.“

Но пораките кои што сигнаа од Атина се спротивни. Грчкиот премиер Караманлис го свика на последен состанок пред самитот владниот кабинет на кој биле разгледувани конечните одлуки кои ке бидат донесени. На прашањето дали одлуката е да биде ставено вето на поканата за Македонија министерката за надворешни работи Бакојани одговори дека позицијата на Атина е добро позната за тоа прашање и истата како што рече е потврдена од парламентот и сите политички партии. Позицијата на Македонија пак до последен момент остана непозната а премирот Груевски не ја соопшти пред неговото заминување од Скопје.

Инаку делегацијата која замина со државниот врв во Букурешт има повеке од 40 луге. Мегу нив се и министрите за надворешни, внатрешни и одбрана,Милошоски , Јанкуловска и Еленовски, вицепремиерот Ставрески , министерот за задрваство Имер Селмани , членови на кабинетот на шефот на државата Црвенсковски и преставници на генераштабот преводени од генерал Мирослав Стојановски. Првичните разговори пак околу поканите за прием на Македонија, Албанија и Хрватска се очекуваат на 2 април на вечерата на премиероте и претседателите на 26 земји членки на НАТО. Формалната одлука пак се очекува во четврток на состанокот на северно атласнкиот совет. Самитот на кој ке се распарава и за операциите на сојузниците во Авгансиатн и Косово ке заврши во петок со средбите на Советот НАТО-Русија и комисијата Нато-Украина. Меѓу високите гости кои се во Букурешт се и америкаснкиот и рускиот претседател Џорџ Буш и Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Никола Саркози, британскиот премиер Гордон Браун и други. Токму поради ова високо ниво за безбедноста на присутбите на самитот ке се грижат околи 25 000 припадници на романските сили за одржување на редот и мирот.
XS
SM
MD
LG