Достапни линкови

40 члена македонска делегација денеска заминува за Букурешт


Четириесет члена официјална македонска делегација денеска заминува за Букурешт на самитот на НАТО што почнува утре. Прва напладне од скопкиот аредром ќе полета владнината делегација во која покрај премиерот Груевски се и неговиот заменик Ставрески, министртите за надворешни, внатрешни и одбрана Милошоски, Еленовски и Јанкуловска за задравсто Селмани, поранешниот и актуелниот македонки амбасадир во НАТО Ружин и Илиевски и неколку други члена. Претседателот Црвенсковски пак заминува подоцна со четворица членови на неговиот кабинет. Во Букуушет заминува и делегација на генералштабот на АРМ предводена од генерал Мирослав Стојановски.

До последен момент очекувањата и позициите на Македонија се нејасни. Од претседатекиот кабинет велат дека заминуваат со последните заклучоци од средбата на државниот врв која се одржа во неделата. За ставот на државата во однос на последниот предлог на медијаторот Нимиц од кабинетот се повикуваат на изјавата на министерот за надворешни работи Милошоски кој по потеочната лидерска средба рече:

„Овој предлог го сметаме после 15 години разговори околу овој билатерален спор, за конечен во овој процес.“

Од кабинетот на претеседателот додаваат дека Црвенсковски и Груевски се во постојани косултации и координации. Нејасните очекувања за поканата за членство во алијансата се рефлектираа и на домашнта политичка сцена па иако имаше најава за собраискта седница на која ке се расправа за предлогот на Нимиц и претпладнево не се знае дали таа воопшто ке се одржи. Во петокот беше најавена и нова лидерска средба но претседателите на четирите најголеми партии не се сретнаа. Во мегувреме власта и опозицијата се поделија за начинот на кој што треба да се прифати последниот предлог на Нимиц кој иако не беше официјално соопштен според информациите е Република Македонија (Скопје) на латично писмо. Опозција бара да се одлучива на собраниска седница а најглемата владеачка партија ВМРО ДПМНЕ пак излезе со идеја да се организра реферндум на кој би се изјаниле граганите. И додека политички чинители во Македонија се препукуваат мегусбно сигналите кои што догаат од држвниот врв во Атина која го одби предлогот на Нимиц се дека нема покана за членство за Македонија додека не се најде взамно прифатливо решение.
XS
SM
MD
LG