Достапни линкови

Обид за воспоставување популистички тоталитаризам од типот на Милошевиќ, оценка на аналитичарите


Со оглед на големата динамика на дипломатски активности и размане на мислења евентуална собраниска седница посветена на последниот предлог на Нимиц доколку за тоа има потреба би се одржала во последен момент - се вели во денешниото соопштение од кабинетот на претседателот испратено како информација од синоќешната средба на држацниот врв. Во него се наведува дека и во текот на денешниот ден ке продолжи интензивната комуникација мегу сите политички чинители во земјава. Претпладнево пак никој не беше информиран за евентуална лидерска средба или собраниска седница.

Викедов извршниот комиет на ВМРО ДПМНЕ излезе со став дека доколку мнозиснтвото во осбранието го прифати полседниот предлог на Нимиц тие ќе го повикаат народот на протести. На прашањето дали една владеачка партија може да повикува на протести од ВМРО ДПМНЕ кратко одговраат дека ако се владеачка партија не значи дека држвата е во нивна сопственост.

Не само што е антидемократски да не се почитува еветулана одлука на собранието, туку е и таквиот однос е незрел вели Џеват Адеми од опозионата ДУИ:

„Директен удар врз авторитетот на институциите. Ако нас во 2006 народот не гласал Македонија да ја внесеме во НАТО и ЕУ, што друго да се влада од народот?“

Односот на владечакта партија според преатеникот од СДСМ Владо Бучкосвки созадава лоша атмосфера мегу граганите

„Последната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и нивното соопштение само ја подгрева и така вжештената атмосфера, создава хистерија, нетрпеливост и една атмосфера која ќе ја однесе Република Македонија во завршница со несогледливи негативни последици.“

И поранешниот миниетр за надворешни работи Слободан Чашуле со сличен став

„Ние сега имаме влада која организира демонстрации против самата себе си. Тоа е многу опасно, намирисува, да не речам, личи на обид да се воспостави популистички тоталитаризам од типот на Милошевиќ, Шешељ.“

Во меѓувреме виекдов низ Скопје се појавија билборди на уметникот Атанас Бодев со грчкото знаме на кое има кукаст крст. Речиси Сите полтичките чинители велат дека во овој период не се потребни вакви потези, но со јасна осуда е само Џеват Адеми од ДУИ.
XS
SM
MD
LG