Достапни линкови

Како против растот на цените?


Станува се потешко да се дочека крајот на месецот. Платите се исти, а цените повисоки, работиме исклучиво за јадење и сметки, за друго ништо не останува ,
се жалат македонските граѓани.

„Платите се мали, скромно.“
„Работиме само за едно јадење, што друго.“
„Нема нешто што не е поскапено, и комуналии и услуги, се.“


Производителите не признаваат дека цените се многу повисоки. Велат дека го почитуваат договорот со кој владата побара од нив да не ги зголемуваат цените на млекото, лебот и зејтинот.

„Тие договори, да речам повеќе од 90 насто се почитуваат,“

изјави Ристо Ташев, директор на една прехранбена индустрија.

И додека граѓаните се најпогодени од глобалниот тренд поскапувања, производителите и трговците меѓусебно се обвинуваат за ваквавата состојба.
Марјан Алексовски е сопственик на продавница. Вели дека тој е принуден да ги зголеми цените, бидејќи ги набавува по повисоки цени од производителите.

„Производителите се високи, тие ако ми дадат 70 денари, јас 73 ќе го продавам. Зејтинот се знае колку оди, со денар со два.“

Спротивното го тврдат производителите. Според нив, вината е кај трговците на големо и мало, кои како што посочуваат работат со високи маржи.

„Штом домашните производители нема да може да понудат на пазар, тогаш трговците го водат орото. А, нивна основна цел е профит. Во такви услови, сите трговци ја кријат стоката, ја дозираат според потрошувачите и работат со поголеми маржи.“

Во обид да се заштитат од најавите за нови поскапувања, некои од граѓаните признаваат дека почнале да обезбедуваат залихи на дел од прехраннбените производи. За други пак тоа е само привремено решение на проблемот.

„Не е решение во тоа, не може секој да си дозволи да има резерви. Тоа не е решение има краток здив.“

Упатените велат дека цената на храната ќе продолжи да расте и во текот на летниот период. Во однос на минатата година поскапеа семињата, губривата, добиточната храна, средствата за заштита.
XS
SM
MD
LG