Достапни линкови

Експертите поделени околу условната покана - позитивен сигнал или продолжување на агонијата?


Во случај на престојниот самит во Букурешт Македонија да добие условна покана за членство во НАТО со што ќе се остави дополнителен простор за изнаоѓање на решение за името со соедна Грција, тоа треба да биде прифатено од наша страна, смета домашната експертска јавност. Професорот по меѓународно право Димитар Мирчев вели дека дури и во случај на таква понуда од страна на земјите членки на Алијансата до нашата држава, тоа би било позитивен чекор:

„Мислам дека нашата држава ќе ја прифати, бидејќи е исклучително Македонија да влезе во НАТО. Многу е тешко, кога ќе се влезе дури и условно да се излезе од НАТО. Претпоставувам дека нема да се случи условот да не се усвои и да излеземе од НАТО.“

Смета професор Мирчев кој додава дека колку и да е позитивна и нуди одредени гаранции и условната покана за членство во Алијансата сепак, најдобро би било кога решение за името би се нашло во овој период:

„Тоа би било најдобро, меѓутоа доколку не се случи јас претпоставувам дека ќе има некое условно влегување.“

Професорката Биљана Ванковска пак, на став дека со можноста за продолжување на преговорите за името мегу Макеоднија и Грција доколку добиеме условна покана на претстојниот самит во Букурешт, тоа би претставувало само дополнително продолжување на агонијата по ова прашање:

„Ако ова се продолжи за наредните шест, десет месеци итн. во период во кој што со Грција треба да постигнеме договор и таа тогаш да ја ратификува поканата, тогаш тоа ќе биде една продолжена битка која што ќе има длабоки внатрешни реперкусии во смисла на истовремено разговарање за името и би рикла предвремени избори, значи една дестабилизирана политичка ситуација во која практично името може да стане предмет на внатрешно-политичка борба во парламентарни избори што е многу лошо сценарио.“

Условна покана, како можност се споменува во јавноста. Тоа последно го изјави грчката министерка за надворшени работи Дора Бакојани која посочи дека не смета оти претсојниот самит на НАТО е крајниот рок до кога треба да се најде решение за името, иако според неа ова се денови во кои треба се да се стори.
XS
SM
MD
LG