Достапни линкови

logo-print

Интересот на инвеститорите паѓа во очекување на самитот на НАТО и регионалните случувања


Вчера беше слаб трговски ден на македонската берза. Интересот на инвеститорите паѓа, владее состојба на чекање, ја илустрира сосотојбата брокерот Сашо Китановски.

„Имаше мал пад на берзата со 0,66% се тргуваше со мал износ на пари со неполни 500 илјади евра, што значи интересот е паднат.“

Во последниве два месеца македонската берза се карактеризира со висок степен на осцилаторност и трендовски движења кои ја очекуваат политичката разврска поврзани за македонија и регионот. На оваа осцилаторност влијаат не само очекувањето што ќе се случи на самитот на НАТО, туку и регионалните случувања околу статусот и иднината на Косово и претсојните избори во Србија, а исто така и глобалната финансиска криза, објаснува берзанскиот аналитичар, Горан Марковски.

„Тоа се повеќе мислам психолошки фактори кои што се во доменот на трендовска анализа и според мене немаат никаква економска позадина, туку така едноставно реагира пазарот. Неколу дена расте за после тоа сентиментот кај инвеститорите се менува рапидно, сметаат дека нема повеќе причина да купуваат и понатаму бидејќи повторно доаѓаат на површина истите причини кои што ги доведоа до ова.“

Домашните инвеститори имат многу поголемо учество берзата .Скептицизмот во однос на инвестирањето е многу поголем кај странските вложувачи не само поради регионалните случувања, туку и поради влијанието на глобалните движења.

„И други пазари поради светската економска криза која што е актулена во моментов, се отвараат и таму добри инвестициони можности заради тоа и тие можно е дел на пример од средствата кои што се инвестирани тука, да ги преселуваат таму бидејќи сепак ризикот во тие земји е понизок отколку во Македонија.“

вели Марковски. Драматичен раст на берзата познавачите на нејзините движења не очекуваат ниту по евентуалната позитивна разврска за македонија на самитот на НАТО со оглед на тоа што останатите регионални и глобални влијанија македонската берза ќе продолжи да ги чувствува.
XS
SM
MD
LG