Достапни линкови

Зубин Поток: Непознати напаѓачи пукале врз контролниот пункт на косовската полиција


Непознати напаѓачи синоќа пукале врз контролниот пункт на Косовската полициска служба во село Зупче, јавуваат српските медиуми. Командирот на полицискта станица во Зубин Поток изјавил дека полицијата одговорила на нападот. По получасовното пукање пристигнале припадници на КФОР, изјави дански војник од составот на меѓународните сили. Во инцидентот немало повредени.
XS
SM
MD
LG