Достапни линкови

Дополнителна радикализација или обратен процес?


Некои лидери на косовските срби бараат од официјален Белград да ги прекине дипломатските односи со Албанија и да ги бојкотира хрватските и словенечките производи. Дали тие дополнително го радикализираат Белград или пак, станува збор за обратен процес?

Барањето за прекин на дипломатските односи со Албанија е образложено со наводите дека во таа земја имало логори за србите кои биле грабнати на Косово. Бојкотот на словенечката и хрватската стока се бара поради тоа што тие земји ја признаа косовската независност. Тука се уште барањата за враќање на српската полиција на Косово, но и на рускиот контингент. Дали радикалното крило на раководтството на косовските срби навистина врши притисок на политичкиот врв во Белград предводен од премиерот Воислав Коштуница? Аналитчарот Јелена Милиќ е на мислење дека радикализацијата е двонасочна и од Белград и од Косовска Митровица и оти таквата акција може да предизвика хаос. Во тој контекст таа го сместува и повикот на поранешниот руски премиер Примаков србите на Косово да се преселат во северниот дел кој потоа би се соединил со Србија.

„Тоа сигурно ни Примаков не го рекол без согласност на српската страна. И целата таа приказна со предлогот за функционално одвојување на србите и албанците е потврда на скандалозната ситуација во која нема никаква координација. Тоа е загрижувачки сигнал.“

Лидерот на Српската листа за Косово Оливер Ивановиќ кој смета дека зад радикализацијата на српското раководство во Косовска Митровица стои Белград за повиците за прекин на дипломатските односи со земјите кои го признаа Косово вели:

„Таквите повици, во суштина се евтини политички изјави пред се со цел да го задоволат разочараното население. Меѓутоа, политиката е нешто повеќе од емоциите. Разумните политичари не се водат со емоции.“

Со Ивановиќ се согласува и координаторот на Форумот за етнички односи Душан Јањиќ кој наведува дека со Акциониот план се предвидуваат различни мерки и реакции на признавањето на Косово, како што е и повлекувањето на српските амбасадори од тие земји.

„Не би се изненадил да биде донесена одлука за прекин на дипломатските односи со Албанија, бидејќи таа, како што мислат многу луѓе во власта во Белград, не би имала директни негативни последици по Србија, а може да биде сериозен сигнал за некои помали држави во регионот.“

Вели координаторот на Форумот за етнички односи Душан Јањиќ.
XS
SM
MD
LG