Достапни линкови

Ќе се чека на враќањето на преговарачот Никола Димитров за официјален став, соопштуваат од владата


Државниот врв не излезе со соопштение за јавноста, по средбата на која го разгледуваше последниот предлог за името на медијаторот Метју Нимиц, по последните македонско-грчки преговори за името во Њујорк. На средбата која се оддржа меѓу претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, не присуствуваше преговарачот Никола Димитров чие враќање од Њујорк се очекува. Во владата за средбата на државниот врв информираат дека имајќи го во предвид значењето на предлогот, а посебно значењето на секој детаљ од него ќе се почека на враќањето на амбасадарот Димитров со цел темелно да ги брифира политичките чинители во државава за текот на разговорите, како и за сите подробности од предложеното решение. Процесот на проценка и анализа ќе продолжи и во наредните неколку денови, соопштуваат од владата. А информациите кои ги пренесуваат и грчките медиуми се дека најверојатно станува збор за предлогот Република Македонија Скопје. Веднаш се огласи грчката страна. Предлогот е далеку од целта на Грција, изјави министерот за надворешни работи Дора Бакојани:

„Новиот предлог на Метју Нимиц е далеку од целите на Грција.Преговорите ке продолжат, и за новиот развој ке го информирам Претседателот на републиката и лидерите на парртиите. Доколку нема взаемно прифатливо решение за името, Грција неможе да се согласи за партнерски односи со Скопје.“

рече Бакојани. Во очекување на конечниот став на државниот врв, се огласи македонската православна црква која упати апел за зачувување на името на државата и идентитетот на македонскиот народ. Политичките партии во земјава пак, реагираа на изјавата на премиерот Никола Груевски кој рече дека доколку Грција ја реализира заканата за вето на нашиот прием во НАТО, Македонија ќе ги прекине преговорите за името. Лидерите на партиите кои што коалицираат во владата, НСДП и ЛП со став дека последниот предлог на Нимиц е поволен:

„Ние мораме навистина овдека да покажеме кооперативност токму поради нашите долгорочни интереси.“

„Нашето прифаќање значи добра воља.“


Изјавија Тито Петковски и Стојан Андов. Реакција и на опозицијата. Владо Бучковски од СДСМ посочува:

„Премиерот несмее да губи нерви, треба да излезе храбро пред македонската јавност и да соопшти што е алтернативната доколку не влеземе во НАТО.“

изјави Бучковски. Викендот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ со земјите од Западен Балкан се очекува нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Милошоски и Бакојани.
XS
SM
MD
LG