Достапни линкови

Вашингтон: Џорџ Буш изјави дека се залага за покани за членство во НАТО за Јадранската група


Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека на самитот на НАТО во Букурешт ќе се заложи за проширување на Алијансата со Македонија, Хрватска и Албанија, како и со вклучување на Украина и Грузија во Акциониот план за членство. Се залагам за донесување на вистинска одлука во Букурешт за трите земји, изјавил Буш за хрватската агенција Хина пред посетата на Загреб. Воедно американскиот претседател соопшти дека по посетата на Хрватска на 6-ти април ќе отпатува во Русија на покана на рускиот претседател Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG