Достапни линкови

Градоначалникот негодува и најавува протести и блокади


Со ЕВН ќе се видиме на суд реагира градоначалникот на Арачиново, Музафер Бислими на акцијата за исклучување на струјата што започна од ова скопско село. Бислими, кој најавува целосен прекин на сите контакти со ЕВН, вели дека наплатата во селото во последниве месеци пораснала од претходните 4 на 30 проценти и дека акцијата сега ќе ја намали наплатата.

„До сега јас ја поддржував ЕВН во акциите индивидуално, но вака не ја поддржувам. Не е исклучено и блокада на улиците и протести од населението. Не може тие да играат со нас. Плаќаме, тие што плаќаат сакам да имаме струја. За другите нека се грижи ЕВН со полиција, тоа не не интересира, наша работа е да плаќаме струја и да имаме струја,“

вели Бислими според кого целата оваа акција има политичка конотација особено поради тоа што како што тврди тој слектричната енергија во предупредувачката акција била исклучена само во Арачиново. Портпаролот на ЕДМ ЕВН Ленче карпузовска ги демантира ваквите наводи и вели дека од довод на струја биле исклучени пет села и дека ова е само почеток на акцијата. Таа ги демантира и информациите вели дека сосотјбата со наплатата во ова село се подобрува.

„За жал во Арачиново имаме повеќе типови проблеми. Во моментов таа е 19 насто, тековно, но за февруари е еден процент, ако така гледаме. Факт е дека таму имаше подобрување од пет до шест процентни поени во наплата, но таму имаме и сериозни потешкотии со кражбите на електрична енергија, но за жал немаме пристап и дозвола од потрошувачите да направиме увид и да се легализираат истите,“

вели Карпузовска.

Исклучувањата на првите пет села беше направенио преку околните трафостаници затоа што поради групниот отпор од страна на жителите екипите на ЕСМ ЕВН немале пристап. Ова пак прави да страдаат и редовните плаќачи и токму поради нив акцијата отпочнува со предупредувачки исклучувања објаснуваат од ЕСМ. Отааму најавуваат дека акцијата на исклучување ќе продолжи.
XS
SM
MD
LG