Достапни линкови

logo-print

Интензивните партиски активности на терен знак за предвемени избори, оценуваат аналитичарите


Партиските лидери и преставници во последниот период се во интензивни контакти со граганите. Од опозиционата ДУИ коментирајки ја обиколката на неколку села на лидерот на ДПА Тачи тврдат дека владеачките партии веке почнуваат со предизборна кампања

„Секако дека тоа се знаци дека е можно да имаме предвремени избори и секако дека тие во последен момент го сфатиле тоа и сакаат да бидат се поподготвени,“

вели Рафиз Алити и додава дека нивните активности мегу гранаите се дел од нивната програма и дека тие и кога биле на власт одржувале исти контакти со гласачкото тело.

Од ДПА негираат дека активностите на Тачи и партиското раководство се всушност почеток на предизборна капмања. Извори од партијата велат дека целта им е на гарагните да им го објаснат она што ДПА досега го сработела како дел од власта. Приоритет им е велат од партијата реализацијата на шесте точки договорени со Груевски но потенцираат дека иако ова не изборна кампања тие не бегаат од предвремени ибори. Социјал демократите пак и во активностите на премиерот Груевски кој како лидер на ВМРО ДПМНЕ учествуваше на низа трибини низ градовите во Македонија препознаваат подготовка за ибори по самитот на НАТО

„Личен рејтинг во секој случај, ВМРО-ДПМНЕ сака да најде спас во предвремени избори. Опозицијата е спремна за предвремени избори,“

вели потпреседателот Јани Макрадули

Портаралот на ВМРО ДПМНЕ Александар Бичиклиски негира дека нивните активности одат во таа насока

„Не се работи за предизборна кампања туку за редовна практика зацртана во нашата предизборна програма.“

И додека партиите негираат дел од експретите веке препознаваат предизборна кампања.Аналитичарот Хисен Рамадани вели дека следејки го односот на партиските раководства е убеден дека предвремени избори ќе има

„Тоа што сега се случува на теренот не е само навестување на предвремените избори, туку и старт на предизвборната активност.“

Не само контактите со грагните туку и последните политички постапки на некои од партиите се предизборна кампања-вели професорката од правниот факултет Татајна Каракамишева:

„Всушност и последното излегување од власта на Тачи и заканите на НСДП укажува дека во Република Македонија ни престојат предвемени парламентарни избори.“
XS
SM
MD
LG