Достапни линкови

Презентирано ново предлог име со географска одредница


Медијаторот Метју Нимиц објави дека на посредниците во македонско-грчките преговори за името ноќеска во Њујорк им предал ново предлог име со географска одредница. Според Нимитц, со ова решение нема да бидат 100 насто задоволни ни Скопје ни Атина кои не можеле да се најдат на половина пат. И покрај тоа што посредникот Нимитц изјави дека не постои временски лимит за одговор од двете влади, Вашингтон синоќа уште еднаш изрази надеж дека спорот ке биде решен до самитот на НАТО.

Нимиц не даде детали за новиот предлог, но по средбата со преговарачите Никола Димитров и Адамантиос Василакис изјави дека станува збор за име со географска димензија кое може да биде основа за фер и чесно решение. Во него има елементи од претходните предлози.

„Тој не е 100 проценти од она што би го сакале Скопје и Атина.“

рече Нимиц изразувајки надеж дека владите на двете земји ќе го разгледаат сериозно како можност за постигнување разумен компромис. Нимитц порача и дека нема временско ограничување на преговарачкиот процес.

„Нема временско огнаичување за овој процес. Знам дека има други прашања, кои притискаат, кои се чувствителни, но процесот во Обединетите Нации нема временски лимит. Јас не верувам дека на луѓето треба да им се даваат крајни рокови. Не верувам дека е корисно тоа да го правиме.“

Во меѓувреме на синоќешниот брифинг во Белата Куќа уште еднаш е потврдено дека Вашингтон се надева оти ова прашање ќе биде решено до самитот на НАТО.
„Ние ке продолжиме да ги охрабруваме Грција и Македонија да постигнат договор пред самитот во Букурешт. Претседателот верува дека тие ке можат да дојдат до решение.“
изјави портпаролот на Белата Куќа Дана Перино. Во врска со информациите за таканаречена одложена покана односно дека ако до самитот на НАТО не се постигне договор, тогаш Алијансата ке даде период од 3 до 6 месеци за решавање на спорот па ке следи поканата за членство до Македонија портпаролот на Белата Куќа Дана Перино одговори.
„Јас сметам дека треба да одиме едно по едно и да не се претркаме себеси. Да ги оставиме да работат заедно. Јас мислам дека временскиот фактор притиска и дека тие ке дојдат до решение пред самитот на НАТО.“
порача портпаролот на Белата куќа. Посредникот во спорот Метју Нимиц рече и дека е во постојан контакт со преговарачите на двете земји Никола Димитров и Адемантиос Василакис, кои за новиот предлог на посредникот на ОН треба да ги известат своите претпоставени во Скопје и во Атина. Нимитц, рече дка ако треба ке организра уште една средба веројатно пред состанокот на шефовите на дипломатите на Македонија и Грција Антонио Милошоски и Дора Бакојани што треба да се одржи претстојниот викенд во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската Унија во Словенијa.
XS
SM
MD
LG