Достапни линкови

Њујорк: Метју Нимиц понудил предлог за името со географска одредница


По синоќешната рунда македонско- грчки преговори во Њујорк, медијаторот Метју Нимиц изјави дека им понудил на двете страни предлог за спорот околу името. „Mислам дека тоа што го понудив до страните е фер, чесно, мислам дека има географска димензија, и многу се надевам дека двете влади ќе го разгледаат многу сериозно и на позитивен начин. Се надевам дека може да биде основа за решение на оваа долгогодишна дебата. На двете страни е да решат, веќе не е до мене.“ Изјави Нимиц по средбата, истакнувајќи дека нема временско ограничување за овој процес, иако знае оти има други прашања во светот што притискаат. Во постојан контакт сум со двајцата преговарачи и ако има причина за средба, јас сум секогаш на располагање, нагласи медијаторот во македонско- грчкиот спор за името Метју Нимиц.
XS
SM
MD
LG