Достапни линкови

logo-print

Во УНМИК велат дека Спогодбата ја проследиле до седиштето на ОН


Откако српските власти му предложија на УНМИК Спогодба за функционално одвојување на србите и албанците се отвора прашањето дали Белград се обидува да изгради паралелна држава на Косово или ресорниот министер Слободан Самарџиќ е првиот српски функционер кој јавно проговори за територијална поделба. Истовремено во УНМИК велат дека Спогодбата била проследена до седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Српскиот министер за Косово Слободан Самарџиќ објаснувајќи ја Спогодбата за функционално одвојување на србите и албанците вели дека по еднострано прогласената независност на Косово само србите со помош на Белград можат да ги преземат надлежностите што сега ги има УНМИК. Во спротивно, според него, косовските албанци ќе завладеат со сите институции. Помошник министерот за Косово Вуко Антонијевиќ додава дека не станува збор за поделба, бидејќи таа на никој не му е од интерес.

Функционалното раздвојување е поради тоа што постоеше спогодба меѓу Белград и УНМИК администрацијата. Одредени надлежности каде што живеат срби беа во доменот на српската држава. Сега премолчно УНМИК ги редефинира тие односи.

Од друга страна, еден од лидерите на косовските албанци Момчило Трајковиќ вели дека спогодбата што ја понуди Белград претставува обид за создавање српска држава на Косово, но додава дека ваквата идеја нема реална основа.

Таа просто не е можна на сите делови каде што живеат србите, особено ако таквата функционална самоуправа не ја прифатат албанците. Тоа е еден апсурд, бидејќи повеќе го оневозможува функционирањето на еднострано прогласената држава, отколку реалност.

Со спогодбата се предвидува и формирање на српско собрание на Косово што, според координаторот на Форумот за меѓуетнички односи Душан Јањиќ ја имплицира намерата на Белград за институционализација на паралелни структури:

Најлошо е што тоа се некои идеи кои во минатото многу ја чинеа србија. Неверојатно е тоа што девет години по Милошевиќ, српската политичка елита се уште не се отргна од неговите идеи.

Вели Јаниќ. Министерот Самарџиќ тврди дека новиот предлог на Белград е дел од Акциониот план што го усвои владата, но тоа го негира неговиот колега министерот за економија Млаѓан Динкиќ:

Тој конкретен документ за кој толку се зборува, никогаш не бил предмет за расправа на Владата.

Во секој случај останува фактот дека оваа спогодба УНМИК ја проследил до седиштетот на Обединетите нации во Њујорк.

Очекуваме можеби да не прифатат се како што предложи српкста страна, туку да се најде некое решение. Ми се чини дека се уште има место за дипломатија и преговори.

Наведува помошник министерот за Косово Вуко Антонијевиќ.
XS
SM
MD
LG