Достапни линкови

Советникот на косовскиот премиер Беким Чолаку изјави дека Приштина воопшто нема формирано комисија


Сoстанокoт на македонскиот и косовскиот тим за обележување на границата кој владиниот портпарол Боцевски го најави за денеска повторно е одложен. На прашањето која е причината за неодржување на состанокот Боцевски одговара:

„Нашата комисија е подготвена веднаш да почне, чекаме од друга страна да заврши со своите подготовки и да ни го даде терминот. За тоа ќе треба да се обратите до косовските институции, што се однесува до нас, ние сме подготвени веднаш да почнеме.“

Советникот на косовскиот премиер Хашим Тачи Беким Чолаку вчера за косовските медиуми изјави дека Приштина воопшто и нема формирано комисија за демаркација на границата и дека за ова прашање не раговарале. Боцевски пак тврди дека македонскиот преставник во Косово во моментот ги утврдува деталите околу работата на комисиите:

„Во моментов шефот на македонската мисија во Приштина Стојан Карајанов со институциите во Приштина ги утврдува подробносите поврзани со терминот и датумот за почнување на овој процес.“

Инаку средбата на двата тима кои треба да работат на одбележувањето првично беше закажана за во саботата, но според косовскиот претседател Фатмир Сејдуи до одложувањето дошло поради технички причини. Денеска состанокот се одложува по втор пат. Ваквиот развој на настаните доага откако по прогласувањето на независноста преставници на двете влади почнаа јавна дебата дали прво Македонија да го признае Косово или да се демаркира границата. Аналитичарот Ризван Сулејмани смета дека сето ова може да доведе до нарушување на довербата меѓу двете соседни земји:

„Со вакви образложенија кои што немаат некоја посебна содржина, дефинитивно не придонесуваат за стабилноста, туку напротив отвараат дилеми кај јавноста, но и кај тие центри кои што не и сакаат добро на Македонија.“

Македонија во однос на демаракацијата на границата се повикува на планот на Ахтисари кој предвидува во рок од 120 дена од прогласување на независнота да се формираат комисии кои ке работат на одбележувањето кое според планот треба да се изврши во период од една година.
XS
SM
MD
LG