Достапни линкови

Признавањето на Косово ќе се среди со поканата за НАТО, велат експертите


По одложувањето на правата средба на ескпертските тимови на Македонија и Косово за одбележување на границата владниот портпарол Ивица Боцевски вели имаат најава дека тоа ќе се случи утре:

„Почетокот ќе биде во текот на оваа недела, најверојатно утре. Така што ние сме подготвени демаркацијата да почне во вторник.“

Инаку почетокот на процесот за демаркација на границата според првичната најава требаше да почне во саботата, но како што објаснува Боцевски во последен момент на македонскиот преставник во Приштина од тамошните власти му било соопштенио дека средбата се одложува. Косовскиот претседател Фатмир Сејдуи пак викендов изјави дека демаркацијата е одложена од технички причини. Според аналитичарот Ѓунер Исмаил двата процеси, односно призванањето на незавинсота и одбележувањето на границата ќе се одвиваат заедно:

„Балканците се познати по тоа што понекогаш и едноставните работи знаат да ги претворат во политички проблем. Мислам дека работата не е толку драматична, како што изгледа на прв поглед. Работите ќе се средат во оној момент кога Македонија, Албанија и Хрватска ќе добијат покана за НАТО.“

Во однос на признавањето на независнота пак Боцевски и денеска го повтори познатиот став дека ќе се следат нашите државни интереси. Исмаил смета дека наш најголем интерес е поканата за членство во НАТО и дека тоа ке се случи по самитот во Букурешт:

„Со тој статус на држава со покана за НАТО, Македонија се разбира ќе може да почне со вториот важен процес, т.е доизградување на односите со независната држава Косово, признавање и демаркација на границата.“

Во меѓувреме додека односите мегу Скопје и Приштина остануваат недефинирани докрај, властите во Белград побараа функциналното одвојување на србите и албанците во Косово. Аналитичарот Осман Кадруи смета дека овие внатрешни случувања не треба да влијаат врз нашите држани одлуки, а земјава треба да ја признае независнота што поскоро:

„Ние треба да ги преземе сите наши активности, околу признавањето, и одбележување на границата за кое сметам дека е техничко прашање и внатрешните односи на Косово не би требало да имаат одраз врз нашите односи и нашите обврски како држава кон Косово.“

објаснува Кадриу.
XS
SM
MD
LG