Достапни линкови

logo-print

Анкара: Над 100 курдски демонстранти повредени низ југоисточна Турција


Над 100 курдски демонстранти и 10 полицајци биле повредени низ југоисточна Турција за време на немирите до кои дојде при одржувањето на пролетниот курдски фестивал.Над 160 курди се приведени кога полицијата се судри со демонстрантите од кои некои и изразуваа подршка на Курдската работничка партија, за време на фестивалот во градовите Ван и Сирит. Тензиите се најголми во турскиот претежно курдски југоисток, каде армиските операции против курдската работничка партија продолжуваат откако армијата започна оперции во северен Ирак за уништување на нивните кампови.
XS
SM
MD
LG