Достапни линкови

Некои од подржувачите го покренаа и расното прашање


Има, велат, добри шанси во Ноември годинава американците да добијат Прв Претседател Црнец или Прва жена претседател во историјата. Тоа се двајцата водечки кандидати на Демократите Барак Обама и Хилари Клинтон. Таткото на Обама е црнец со потекло од Кенија а мајкаму е белкиња од Илиноис. Во досегашната партиска кампања Обама и Клинтон се фокусираа на политички прашања, но некои од подржувачите го покренаа и расното прашање.

Всушност, ова прашање се покрена со видео клиповите во кои свештеникот на црквата чиј член е демократскиот кандифат Барак Обама изрази голем гнев за дискриманацијата на американските црнци.

„Владата им дава дрога, гради поголеми затвори, носи драконски закони и потоа од анс бара да ја пееме Господ да ја Благослови Америка. Не и не. Не господ да ја благослови Америка. Господ да ја проколне Америка.“

Ова во една црковна служба во 2003 го рекол свештеникот Џеремаја Рајт – црква во која Барак Обама оди со години. Видео клипот стана атракција на телевизија, радио на интернет. При оваа и други слични церемонии свештеникот Рајт го изразувал негодувањето на многу црни американци за долгите страдања во, како што рекол, расното општество. Сентимент кој е противен на пораките кои демократскиот кандидат Барак Обама за единство и обединување на политички поделената земја. Обама во екот на контроверзите, го отсрани Рајт од сеоветничкото место во неговиот тим и изјави дека не ги дели ставовите на свештеникот. Меѓутоа, одби да го отрли човекот кој бил негов духовен советник речиси 20 години, лице кое го венчало и ги крстело неговите деца. Обама рече дека со расизам се соочил и во неговото семсјтво.

„Јас не можам повеке да се откажам од Рајт отколку што можам да се откажам од црната заедница. Јас не можам да се откажам повеќе од него. Јас не можам да се откажам од мојата бела баба – жената која ме одгледа, која се жртвуваше за мене а истата таа жена која го призна стравот од црниот човек кој минал покрај неа на улицата. Тоа се вкоренетите стереотипи и навреди кои се одбивни.“

Обама рече дека иако не се согласува со Рајт, го разбира неговиот гнев – гневот на неговата генерација од расизмот, кој започна со ропството, потоа сегрегацијата – Американскиот апархејд но, не треба да се пропупушти шансата која се отвори во последните 50 години. Не е битно колкумина паднале во лицето на дискриминацијата туку колкумина го нашле излезот и колкумина ке дојдат после нив.
XS
SM
MD
LG