Достапни линкови

Свет: Денеска Ден на водата


Во светот денеска се одбележува денот на водата воспоставен од Обединетите Нации со цел да се насочи вниманието врз недостигот од здрава вода за пиење. Водата покрива 70 насто од Земјата, но само 3 насто е свежа вода за пиење, а од неа помал дел е достапен за луѓето. Една 6 - тина од светската популација нема пристап до здрава вода, а над 2 ипол милијарди луѓе живеат без основни санитарни услови што создава големи здравствени проблеми. Македонскиот завод за здравствена заштита неодамна, по повод Светскиот ден на водите, го публикува упатството „Формулари за брза проценка на здравствено-еколошкиот ризик по потекло од објекти за јавно водоснабдување“. Публикацијата треба да придонесе за превенција од појава и ширење на болести поврзани со водата за пиење по потекло од објектите за јавно снабдување со вода за пиење на населението.
XS
SM
MD
LG