Достапни линкови

Заложба за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за името


Претставени нови идеи, но не и документ. Ова е епилогот од средбата мегу македонскиот и грчкиот шеф на дипломатијта Антонио Милошоски и Дора Бакојани во Брисел под покровителство на Соединетите држави.

Тоа беше корисна дискусија и искрена размена на идеи што ја потенцира волјата на двете влади да се постигне решение, рече грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани. Министерот Милошоски по средбата изјави

„Македонија има јасни аргументи, позиции и цел, исто така и желба да остане конструктивно вклучена во овој процес. Нашата цел е НАТО интеграција.“

Во однос на тоа дали има единствен став во земјава за преговорите за името бидејки официјалниот е дека прифатлива е двојната формула, а притоа премиерот е категоричен во таа насока, а претседателот дава изјави дека прифаќа одредница на името која нема да задира во националниот идентитет, Црвенковски денеска рече:

„Јас во неколку наврати сум рекол дека понекогаш се случува да имаме разлики коишто се повеќе од тактички карактер, меѓутоа околу краните цели нема разлики, имаме усогласени ставови.“

Дали и каква промена ке има во официјалниот став на македонската страна како што најавуваат од државниот врв може да се очекува во деновите до одржување на средбата во Њујорк. Но, дипломатите проценуваат дека доколку Македонија остане на ставот за двојна формула можно е чекори кон решение да се направат непосредно пред Букурешт. Последните денови проценуваат тие, можат да бидат одлучувачки. Според нив некое прифатливо решение за Македонија би можело да помине во Собранието, а на претходна иницијатива на некој од политичките субјекти кој би поднел иницијатива за декларација која би се усвоила од мнозинството.
XS
SM
MD
LG