Достапни линкови

Има ли услови за развој на малите фирми?


Емил Тренчев е сопственик на мало претпријатие за производство на храна. Условите во кои се обидува да опстане неговата Еми Компани се на работ на опстанокот вели револтирано. Тој се жали дека државата не обезбедува никакви услови за работа на ваквите фирми. Проблемите главно ги лоцира во неповолните кредити на банките, даноците и ригорозните контроли од државата кои ги прима како постојана закана по опстанокот на неговото претпријатие.

„Мораш на 1 да одиш да ги платиш давачките кон државата, а на тебе ако остане нешто, одиш натаму, ако не ќе се покриваш, ќе земаш кредит, сите сакаат да профитираат, никој не помага,“

вели Тренчев.

На малиот бизнис тој не гледа како на поволна форма за самовработување затоа што и трите илјади евра што беа понудени преку владиниот проект со цел намалување на невработеноста тој не ги смета за реална поддршка со која може да се направи нешто.

„Што ќе направи со 3 илјади евра? Не може ниту стока да купи за продажба. А каде ќе се продава таа стока? Каде ќе оди со 3 илјади евра?“

Галаба Стојковска сопственик на претпријатие од истиот ранг вели условите за малииот бизнис во земјава сепак се подобруваат и дека на тоа влијае конкуренцијата кај банките што доведува до поповлни понуди на кредити и дека намалувањето на даноците може да се почувствува во нивното функционирање но дека тие се увствуваат беспомошни во фазата на пласманот на нивните производи каде што би била многу добредојдена помошта од државата.

„Нашите производи што ги произведуваме, државата да помогне како да ги пласираме.“

Економскиот аналитичар Џевдет Хајредини вели дека услови за отпочнување бизнис во земјава се сеуште далеку од поволни.

„За тие мали бизниси потребно е да функционира судството, да е заштитена сопственоста, што кај нас како што гледате, ниту имаме катастар, ниту услови за кредитирање и помали даноци.“

Хајредини смета дека парите се повеќе се концентираат кај државата за сметка на стопанството.

„Оваа иста влада направи вкупното оптоварување за бизнисмените да биде поголемо од претходно. Тоа се гледа и од поголемите приходи во буџетот. Значи, не смее владата да биде таа што ќе концентрира пари кај неа, и ќе стимулира вработувања, туку треба парите да ги остава во стопанството, а државата да троши помалку.“
XS
SM
MD
LG