Достапни линкови

Нов обид под покровителство на САД за приближување на ставовите околу името


Дипломатските активности за спорот меѓу земјава и Грција за уставното име продолжуваат. Со посредство на високи американски претставници денеска средба мегу македонскиот и грчкиот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски и Дора Бакојани во Брисел. Целта е уште еднаш пред најавената средба за наредната недела во Њујорк на преговарачите Никола Димитров и Адамантиос Василакис со посредникот во споот Метју Нимиц да се приближат ставовите за изнаоѓање на решение до самитот на НАТО во Букурешт.
Додека изјавата на Нимиц по средбата во Виена беше дека тој е поголем оптимист, во земјава поинакво размислување. Дипломатите велат не може многу да се очекува од средба Милошоски - Бакојани кога македонскиот државен врв има официјален став дека единствено прифатлива е двојната формула, а притоа премиерот е категоричен во таа насока, а претседателот дава изјави дека прифаќа одредница на името која нема да задира во националниот идентитет.

Тие додаваат дека и ако има нов предлог од покровителот на средбата Соединетите држави, ќе треба пред Њујорк повторно да се разгледува од политичките претставници на Македонија и Грција. Во меѓувреме грчките најави за блокирање на македонското интегрирање во Алијансата продолжуваат. Грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани вчера во Тирана на две недели пред самитот во Букурешт вели дека Скопје не заслужува покана за НАТО ако не се реши прашањето за името, а дека тоа го заслужуваат останатите две земји од јадранска група Албанија и Хрвтска. Македонската политичка јавност само накратко коментира дека грчките претстравници веќе подолго време се во офанзива.
XS
SM
MD
LG