Достапни линкови

Брисел: Милошоски и Бакојани со посредство на Даниел Фрид ќе разговараат за спорот со името


Денеска во Брисел ќе се одржат разговори за спорот со името меѓу македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи Антонио Молошоски и Дора Бакојани, на кои ќе присуствува и американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид. Вчера за време на посетата на Тирана грчкиот шеф на дипломатијата Бакојани повтори дека Грција нема да се согласи со прием на Македонија ,,доколку не се најде решение за името. Американскиот претседател Џорџ Буш пак, како што пренесе портпаролот на Белата Куќа Дејна Перино, се надева дека Атина и Скопје ќе постигнат договор пред самитот на НАТО , бидејќи смета оти станува збор за решливо прашање.
XS
SM
MD
LG