Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: САД одобри воена помош за Косово


Американскиот претседател Џорџ Буш одобри воена помош за Косово, соопшти Белата куќа. Во меморандумот се наведува дека Косово откако стекна независност, може да добие одбранбен материјал согласно американските прописи и ограничувањата, предвидени со планот на Марти Ахтисари. Во меѓувреме Соединетите држави уште еднаш синоќа остро се спротивставија на поделбата на Косово, нагласувајќи дека во овој момент, најважно е да се обезбеди учество на Србите и другите заедници во политичкиот процес.
XS
SM
MD
LG